ООУ „Крсте Петков Мисирков“ објавува конкурс за избор на ученик – првенец на генерацијата и спортист на генерацијата за учебната 2025/2026 година.
Конкурсот е отворен за сите заинтересирани ученици од деветто одделение кои ги исполнуваат потребните критериуми.
Критериуми за избор:
- Континуиран одличен успех во текот на школувањето (за првенец на генерацијата)
- Континуирано примерно поведение
- Освоени награди и учество на училишни, општински, регионални, државни и меѓународни натпревари
- Активно учество во наставни и воннаставни активности, проекти и промоција на училиштето
- Придонес кон создавање позитивна клима во паралелката и училиштето
Учениците кои сакаат да аплицираат потребно е да ја достават потребната документација:
- пофалници, благодарници, награди и дипломи од натпревари
- свидетелства од целото школување
- потврди за учество во воннаставни активности и проекти
- потврда од класниот раководител за поведението на ученикот
Рок за пријавување: од 03.06.2026 до 09.06.2026 година
Ги повикуваме сите ученици кои ги исполнуваат условите да аплицираат и да бидат дел од изборот за најуспешни ученици на генерацијата.

Конкурс:
Правилник за одредување на ученик на генерацијата и спортист на генерацијата:
Tags: ВоннаставниАктивности, Генерација2026, ГордиНаНашитеУченици, ДеветтоОдделение, ЗнаењеИУспех, МладиТаленти, НаградиИНатпревари, НашитеУченици, Образование, ОсновноОбразование, ПрвенецНаГенерација, СпортистНаГенерација, УспесиНаУчениците, Учебна2025_2026, УченичкиУспеси, УчилишенЖивот, УчилишниПроекти


