ООУ „Крсте Петков Мисирков“ објавува конкурс за избор на ученик – првенец на генерацијата и спортист на генерацијата за учебната 2025/2026 година.

Конкурсот е отворен за сите заинтересирани ученици од деветто одделение кои ги исполнуваат потребните критериуми.

Критериуми за избор:

  • Континуиран одличен успех во текот на школувањето (за првенец на генерацијата)
  • Континуирано примерно поведение
  • Освоени награди и учество на училишни, општински, регионални, државни и меѓународни натпревари
  • Активно учество во наставни и воннаставни активности, проекти и промоција на училиштето
  • Придонес кон создавање позитивна клима во паралелката и училиштето

Учениците кои сакаат да аплицираат потребно е да ја достават потребната документација:

  • пофалници, благодарници, награди и дипломи од натпревари
  • свидетелства од целото школување
  • потврди за учество во воннаставни активности и проекти
  • потврда од класниот раководител за поведението на ученикот

Рок за пријавување: од 03.06.2026 до 09.06.2026 година

Ги повикуваме сите ученици кои ги исполнуваат условите да аплицираат и да бидат дел од изборот за најуспешни ученици на генерацијата.

Конкурс:

Правилник за одредување на ученик на генерацијата и спортист на генерацијата:

 

Tags: , , , , , , , , , , , , , , , ,