Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ отвара
ПОВИК ЗА УЧЕСТВО
на ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ДЕТСКОТО СЕЛО ПЕСТАЛОЦИ
Троген, Швајцарија
Период на размена: 25.08 – 06.09.2025
Датум на поаѓање: 24.08.2025
Датум на пристигнување: 07.09.2025
Проект: „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“
Цел: За време на престојната размена во Троген, Швајцарија, учесниците ќе имаат можност да се здобијат со знаења и вештини од областа на интеркултурната комуникација, принципите нa детските права и анти-дискриминацијата, меѓусебното почитување, разбирање и толеранција помеѓу различните култури.

Одговорности по завршување на интеркултурната размена: По завршување на размената, учесниците задолжително да се вклучат во имплементацијата на активностите од акционите планови креирани за време на размената, кои се дирекно поврзани со активностите во проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“.
Критериуми за учество:
- Година на раѓање: 2013 и 2014
- Валидна патна исправа (пасош) со рок на важност минимум 6 месеци пред датумот на поаѓање
- Кандидати/ки кои не учествувале претходно на Интеркултурна размена во Детското село Песталоци
- Предност при изборот ќе имаат кандидати/ки од ранливи категории (ученици кои живеат во рурални средини, припадници на различни етнички групи, деца од семејства со пониски приходи, итн.)
Потребна документација:
- Пополнета и потпишана пријава за учество,
- Скенирана верзија од валидна патна исправа (пасош)
- Мотивационо писмо
Сите заинтересирани ученици, потребната документација треба да ја достават во скенирана верзија на е-маил dtodorovska@openthewindows.org Краен рок за аплицирање е 30.05.2025 година (петок). Потенцијалните кандидати ќе бидат дополнително повикани на интервју.
Пријавите за учество можете да ги најдете во училиштето, кај следните контакт-лица (супервизори кои учествуваат во размената)
- Во ОУ Крсте Петков Мисирков – Светлана Чапова и Марија Иванова Газепова
- Во ОУ Орце Николов – Елеонора Ангелова Јованова и Летка Ристова
Оригиналните пријави и копии од пасош да се носат за време на интервјуата.
Доколку имате прашања или потреба од дополнителни информации обратете се на е-маил dtodorovska@openthewindows.org или моб. 075/630-850 (од 8:30 – 16:00 часот).
Апликацијата може да ја симнете со притискање на копчето подолу!
Tags: Детско село, Интеркултурна размена, Песталоци, Повик за учество, Троген, Швајцарија


